Македонија 08. октомври 2019. / 17:51

Груби му врати на Заев: Заев зборува за себе, самокритиката е доблесна особина

Груби му врати на Заев: Заев зборува за себе, самокритиката е доблесна особина

Заев зборува за мене, но и за себе, одговори пратеникот Артан Груби на забелешката на премиерот Зоран Заев дека политичарите понекогаш лупаат глупости.

-Очигледно изјавата на премиерот се однесува на него, затоа што зборува за себе. Сметам дека тоа е момент на саморефлексија и на зачестена самокритика којашто често е проследена со извинување. Лично сметам дека тоа е доблесна особина на саморефлексија и самокритика, вели Груби.