Македонија 08. јануари 2021. / 15:32

Груби ќе добие дополнителна казна од 500 евра како одговорен за роденденот на Ахмети

Груби ќе добие дополнителна казна од 500 евра како одговорен за роденденот на Ахмети

Државниот инспекторат за труд го завршил надзорот во Министерството за политички систем и утврдил дека министерот Aртан Груби го прекршил Законот за заштита на населението од заразни болести затоа што како одговорно лице ја дозволил прославата без маски.

Инспекторите веќе му го врачиле прекршочниот платен налог од 500 евра, а за институцијата согласно законот за прекршоци нема глоба. Вицепремиерот Груби казната треба да ја плати за 8 дена, а досега ја плати помалата од дваесет евра за неносење маска издадена од МВР како што добија и сите останати на фотографијата.

Јована Тренчевска, директорката на Инспекторатот за „Телма“ потврди дека прекршочниот налог е издаден е дека во нивните надлежности е само таква постапка.

Засега единствено се молчи за политичката одговорност на носителите на јавни функции и покрај барања за министерски оставки како што во европските држави поднесуваа функционерите кои не ги почитуваа мерките и го загрозуваа здравјето.