Македонија 23. октомври 2019. / 12:40

Груби: Ахмети го спречи Заев да поднесе оставка

Груби: Ахмети го спречи Заев да поднесе оставка

Пратеникот на ДУИ, Артан Груби потврди дека премиерот Зоран Заев бил решен да си даде оставка, по одбивањето на отворање на преговорите со ЕУ. Тој во емисијата „Опиниот“ на Тв Клан, рече дека лидерот на ДУИ Али Ахмети не му дозволил на Заев да си даде оставка.

Тој беше подготвен да си даде оставка поради големото разочарување. Затоа што добил огромни ветувања. Меркел ја посети Македонија – рекол Груби.

На новинарското прашање дали Заев бил спремен да си замине, Груби потврдил.

Новинарот Бленди Февзиу го прашал Груби зошто Заев се премислил за оставката, на што Груби одговори:

Ние не се согласивме и Ахмети му рече дека немаме причина да признаеме вина која ја немаме, затоа што вината е на Европската унија која не успеа во своите ветувања, ние ги исполнивме сите услови.