Македонија 14. април 2018. / 12:55

Грчкото МНР го демантира Димитров: Ставовите на Димитров не се ставови на Коѕијас

Грчкото МНР го демантира Димитров: Ставовите на Димитров не се ставови на Коѕијас

Обидот на грчката опозициска партија Нова демократија „да ги стави на сметка на Министерството за надворешни работи и министерот Никос Коѕијас, ставовите на министерот за надворешни работи на ПЈРМ Никола Димитров“ се политички несоодветна постапка, коментираат кругови од грчкото МНР, објави грчката државна новинска агенција АНА-МПА, а пренесе МИА.

Неофицијалната реакција од грчкото МНР се однесува на изјавата на одговорниот за надворешна политика Јоргос Кумуцакос, кој, како што вчера објави МИА, упати критики до грчката влада дека „се чини оти прифаќа дека Грција, наводно има иредентистички аспирации кон соседот“ и дека „логиката на идентификација на Грција и Скопје во прашањето со иредентизмот е неприфатлива“.