Македонија 17. мај 2018. / 13:01

Грчки медиуми: Заев и Ципрас ќе потпишат договор за името во Преспа

Грчки медиуми: Заев и Ципрас ќе потпишат договор за името во Преспа

Грчките весници информираат што премиерот Зоран Заев и неговиот грчки колега Алексис Ципрас договараат.

Според нив премиерите разговарале за нашето уставно име, а доколку има договор, тој ќе биде потпишан во Преспа.

Како што јавуваат весниците во Грција, ние како држава не би влегле во НАТО. Она што се подготвува е почеток на скрининг процес, без датум за почеток на преговорите, пренесе Курир.

Она што го пласираат медиумите кај нашиот јужен сосед е дека сигурно ќе има промена на македонскиот Устав.

Тоа што Заев и Ципрас го ставиле на маса е решение за името со географска одредница, а според медиумите, во игра влегува и националноста.

За сите овие тврдења, нема потврда од македонската страна.