Македонија 04. април 2018. / 13:21

Грчката Влада со јасни позиции: Мора да се промени уставното име на Македонија

Грчката Влада со јасни позиции: Мора да се промени уставното име на Македонија

Промена на уставното име на Македонија е обврска што мора да се изврши за да се постигне договор, порача портпаролот на грчката влада и министер без ресор Димитрис Ѕанакопулос.

Тој во интервју за грчката ТВ Алфа за евентуалниот план „Б“ за потпишување договор со меѓународните организации, без да мине низ парламентите на двете земји порача дека „не постои никакво меѓународно прашање што може да се реши без меѓународен договор“, што содржи конкретни обврски за двете страни.