Македонија 13. октомври 2020. / 14:19

Граѓанскиот суд ја отфрли тужбата на обвинителката Русковска против ВМРО-ДПМНЕ

Граѓанскиот суд ја отфрли тужбата на обвинителката Русковска против ВМРО-ДПМНЕ

Граѓанскиот суд во Скопје ја отфрли во целост тужбата на обвинителката Вилма Русковска против политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, поднесенА за клевета и нарушување на угледот.

Судот наложи судските трошоци од 91 000 денари да ги плати обвинителката Русковска.

Нејзиниот адвокат Ванчо Јакимов по пресудата изјави дека ќе го почекаат образложението од Судот по што ќе одлучат како ќе ја продолжат постапката.

Обвинителката ја тужеше партијата бидејќи ги користеше нејзиното име и лик во предизборната кампања за парламентарните избори во јули годинава. Таа бараше отштета од 10 000 евра, кои рече ако ги добие ќе ги донира во СОС детското село.