Бугарската рамковна позиција за Северна Македонија наместо да ги засили нашите врски врз основа на заедничката историја, ќе се претвори во нова линија на раздвојување и создавање непријатности. На ова во декларација предупредуваат бугарски и македонски граѓани, меѓу кои историчари, политиколози и други, јавуваат бугарските медиуми.
Тие сметаат дека бугарската позиција значи враќање кон јазикот на националкомунизмот, што е апсолутно недозволиво.
Но, највознемирувачко е што рамковната позиција на бугарската влада го потврдува крајно необјаснивото за меѓународната заедница непочитување на политичкиот и културен идентитет на Република Македонија. Негирањето и понижувањето на создадената во текот на последните децении македонска култура може само да донесе омраза кон Бугарија, се посочува во декларацијата.