Здружението Охрид SOS алармира дека градежна механизација пробива пат низ шумата на Јабланица под изговор дека ќе служи за сеча на шума.
– Без согласност од локалното население, градежна механизација пробива пат низ шумата, кој според Месната заедница-Октиси. ќе служел за сеча на шума. Викендот, стотина мештани одржаа мирен протест, но повикуваат на солидарност и спречување на овие активности. Изминативе години, неконтролираната сеча предизвика загриженост кај населението од тој регион, поради потенцијална опасност од ерозии. Излетниците и планинарите сведочат за постојано присуство на поединци и групи кои сечат низ Јабланица, без притоа да бидат санкционирани од надлежните – објави на својата фејсбук страница Охрид SOS.