Македонија 07. август 2019. / 21:19

Градоначалникот на Сарај удри по Заев: Премиерот ја оркестрира кривичната постапка против мене

Градоначалникот на Сарај удри по Заев: Премиерот ја оркестрира кривичната постапка против мене

Градоначалникот на општина Сарај, Блерим Беџети, вели дека кога ќе се врати од одмор ќе поднесе кривична пријава против Антикорупциска комисија, објави ТВ21.

Тој во изјава за телевизијата кажа дека ќе се упати и до Собранието на Република Северна Македонија за да го извести дека на незаконски начин поднеле кривична постапка против него.

Градоначалникот на Сарај за ТВ21 вели дека сето ова е оркестрирано од страна на премиерот, Зоран Заев. Беџети вели дека кога ќе се врати од одмор ќе ги раскаже сите детали и дека премиерот тоа го прави за дневни политики.

– Ова е оркестрирано и диригирано лично од премиерот Зоран Заев за дневни политики. Откако ќе ми заврши одморот, ќе ги објаснам и причините зошто е оркестрирано вакво нешто од него, веднаш штом се враќам од одмор. – изјави Блерим Беџети за ТВ21.