Фокус дознава од извори на ДУИ дека Алија Јахоски е нов градоначалник на малата рурална општина Пласница. Откако долгогодишниот градоначалник на Пласница, Исмаил Јахоски, беше избран за пратеник на последните парламентарни избори, ДУИ за нов градоначалник на оваа мала рурална општина го номинира неговиот брат Алија Јахоски. Според нивните податоци помалку познатиот од двајцата браќа моментално е активен бизнисмен.
Според податоците од Централниот регистар, и Исмаил и Алија Јахоски своевремено биле дел од нафтената компанија „Пуцко Петрол“, чиј моментален сопственикот е синот на пратеникот Јахоски – Асмир Јахоски. Оваа компанија во изминативе години склучила голем број на договори со државни институции и јавни органи за снабдување со нафта и нафтени деривати, чија вредност, според Бирото за јавни набавки, изнесува над 100 милиони евра.
Целиот текст може да го прочитате на страницата на Фокус.