Европратеникот Андреј Ковачев кој во Европскиот парламент ја претставува партијата ГЕРБ на бугарскиот премиер Бојко Борисов, повторно фатен како шири говор на омраза кон Македонија.
Европратеникот кој е потпретседавач на Европската народна партија (ЕПП) на својот официјален фејсбук профил сподели пост во кој бугарски публицист Македонците ги нарекува “Северно титово диво племе”.
– Дали е нешто нејасно за Северното титово диво племе. Дијаспората на обединетата лудило во САД и танцувачката оро античка фаланга во Австралија? Некакви прашања?, пишува Драгомир Богданов бугарски емигрант во САД кој пишува книги за Македонците во Америка.
Ковачев го споделува говорот на омраза на Богданов без коментар без да ги осуди навредите кон Македонците што значи дека и тој се согласува со квалификацијата северно диво племе на Тито.
По овој инцидент обврска да реагираат имаат владата во Скопје, министерот за надворешни работи Бујар Османи, Европската народна партија (ЕПП) како и партијата ВМРО-ДПМНЕ која е дел од Европската десничарска групација во ЕП каде членува и Ковачев со владеачката бугарска партија ГЕРБ на Борисов.
Posted by Andrey Kovatchev on Saturday, January 9, 2021