Некатегоризирано 11. мај 2020. / 12:24

Големиот е*ач З.З.

Големиот е*ач З.З.

Интимата и приватниот живот на секој политичар е светост. Така е во светот, така мора да биде и во Македонија. И никако поинаку.

Ама, кога човек ќе слушне дека еден екс и на „стенд-бај“ ставен македонски премиер, по име Зоран, а по презиме Заев, во „кафански“ муабет ќе рече „е*емти таков народ“, тогаш кај човека не може, а да не проработи Павловиот рефлекс.

Елементарното воспитување и култура се стекнуваат до 7 години. Потоа не може ни Господ да ти помогне. Остануваш таков, каков што си. Прост, сељак, невоспитан, насилник, грубијан… Се што не треба да краси еден обичен човек, а камо ли политичар.

Пишува: Предраг ДИМИТРОВСКИ

Ете, да не беа незаконски снимените разговори немаше да знаеме дека поранешниот ни премиер и претендент за нов мандат, лидер на владејачкиот СДСМ, да ти бил толку „мераклија“. За секс! Промискуитетен и потентен до невидени граници на планетарно ниво. На страна светоста на бракот и семејниот живот. Слушам и не можам да верувам. Сака да „е*е“ цел народ! Една огромна бројка од над 400.000 луѓе! А, бе Дон Жуан и Казанова можат вода да му носат. Какви светски познати заводници и љубовници, какви бакрачи. Дефинитивно, Зоки наш е No 1! Наместо за Нобелова награда за мир, неговите апологети сега ќе треба да го предложат за главен гостин на познатиот порно-фестивал во Будимпешта. Ама, ќе ги стават на мака организаторите. Ќе треба да му мислат како и со што да го наградат. Којзнае дали ќе го задоволи една „гоооолема играчка“.

Народот како народ, жив ѓавол. И за вакви моменти има подготвено одговор. Не знам дали ќе ви текне за правилото на палецот и показалецот. Или за важноста на големината на „алатот“ или на „техниката“. Првото зависи од тоа како ќе се постават двата прста. Дали палецот ќе биде вертикално или хоризонтално поставен. И од тоа произлегува правилото за голем човек, мал „алат“. И обратно. Мал човек, голем „алат“. Но, тука со додавка. Мал човек, значи и големо его и уште поголеми комплекси. А, второто, пак, давањето предност на „техниката“ значи скромен „алат“. И обратно. Предност за „алатот“ значи слаба „техника“.

Апсолутно непристојно е да се прашува угледниот, достоинствен и чесен екс-премиер на кое правило му дава предност. Впрочем, тоа е негова и само негова лична, интимна работа. Ама, судејќи по муабетот, очигледно се раководел по друго не пишано правило, што важи за „мераклиите“ од негов тип. Вели, ако не кажеш никому дека си ја измамил животната сопатничка, тогаш како ништо и да не си направил. Е, за да не се најде во таква ситуација, светскиот број 1 одлучил да ја сподели „авантурата“ во кафеана. Браво, алал да му е. Вистински мачо мен. Што е далеку и неповрзливо со прав џентлмен, кој ја чува својата и интимата на избраничката. Разлики! Секогаш има. Како што има меѓу обичен сељак и господин човек. Нормално, и меѓу господин политичар и политичар сељак.

И колку простор ќе треба да се наредат сите, што еден сељак досега има (из)е*ено“? Многу. Ајде да поченеме со името на државата. „Е*ати името, е*ати“. И го „е*а“. Исто како што ги „е*а“ реформите во правосудството, ги „е*а“ најблсиките соработници во партијата, што ја раководи, почнувајќи од неговиот претходник и стотици и стотици други, кои во секој поглед беа светслосни години пред него. И не можеше ни до колена да им стигне. Не со „алатот“, туку интелектуално, културно, со знаење, умеење, однесување… Го „е*а“ невладиниот сектор, ги „е*а“ пленумците, „шарените“, го „е*а“ СЈО, ја „е*а“ Катица, го „е*а“ Боки, го „е*а“ Кичеец, го „е*а“ редовното обвинителство, го „е*а“ судството, го „е*а“ претходниот министер за финансии, го „е*а“ којзнае колку пати Уставот, ги „е*а“ законите, што му служат како тоалетна хартија за забришување, не „е*е“ сите во здрав мозок со датум за почеток на преговори со ЕУ, не „е*е“ сите со (не)постоењето македонски јазик, не „е*е“ сите со (не)постоењето Македонци… „Е*е“ се живо и диво. Што ќе му дојде до и при рака. Еве, на ред дојде и народот. Мореее, што „е*ач“ ќе беше ова?!!!

И што останува уште? Ако треба и деца да им прави на оние, кои ќе му се пожалат дека не можат пород да имаат. Како едно од предизборните ветувања уште од предвоена Југославија на еден тогашен кандидат за пратеник. Му се пожалиле граѓаните дека извесна госпоѓа немала деца. И тој, како прав политичар, ветил дека за нејзиниот глас ако треба и дете ќе и направи.

Ова е вистина. Не е шега, како што сега сака да ја сврти работата на шега ЗЗ. Внимавајте, „Е*ето“ на народот да ти било пи-ар. Од неговата партија, од владата или од опозицијата? Демек, му прават реклама на големиот „е*ач“! Чисто за да се знае каков народ му требало. Народ што ќе може да ги препознае неговите „сексулани способности и квалиети“!  Колку да се релативизира глупоста, сељаштвото, простотилакот, некадарноста…Ама, не попусто рекле-Каква брада, таков брич.