Македонија 18. февруари 2020. / 14:46

Го прашуваат градоначалникот Смилевски: Така ли ги товараш сега твоите вработени на маршот на СДСМ?

Го прашуваат градоначалникот Смилевски: Така ли ги товараш сега твоите вработени на маршот на СДСМ?

Втор ден социјалните мрежи горат по вчерашниот марш на СДСМ наречен „Чекориме за правда“ на кој присуствуваа присилени истомисленици и членови на СДСМ, пишува Курир.

Откако јавноста се увери дека тие биле присилно донесени со автобуси и им се делеле сендвичи, денеска на социјалните мрежи се појави и фотографија од скопски Бутел каде градоначалникот Велимир Смилевски присилно ги терал вработените да излезат на вчерашниот марш.

Сендвичи нема за вас?Еден секогашен претседател збореше „Како стока ги товараат и влечат“. Кој е стоката Велимир? Така ли ги товариш сега твоите тазе вработени, стои во постот на револтираниот граѓанин поставен на социјалните мрежи.