Македонија 06. септември 2020. / 13:47

Главниот играч на Русија во Црна Гора во бизнис со Заев и Теута!

Главниот играч на Русија во Црна Гора во бизнис со Заев и Теута!

Бизнисменот Миодраг Дака Давидовиќ кој е главен руски играч во Црна Гора, за македонската јавност е познат како бизнис партнерот на Зоран Заев, Драги Рашковски, Зоран Милевски Кичеец, а и на Теута Арифи.

Врската помеѓу Заев и Дака, пратеникот Александар Николоски ја аргументира со фактот што практично во првиот ден од повторното добивање на функциата се донесе ДУП-от во Ветово во кој спаѓа земјиштето коешто Дака го доби во крајно сомнителна директна зделка со Заев и Рашкоски.

Николоски јавно предупреди и праша како може и смее премиер на земја членка на НАТО и кандидат за ЕУ да одржува блиски врски си таква фигура, со крајно сомнителна заднина.

Според документите приложени од Николоски, Општина Тетово, каде градоначалничка е Теута Арифи а мнозинство во советот го има нејзината партија ДУИ, поднесува барање за согласност за ДУП до Министерството за транспорт и врски на 21.02.2020 а Министерството предводено од СДСМ ја дава согласноста веќе на 28.02.2020 година.

Како што рече Николоски, Министерството предводено од СДСМ за само 7 дена одлучува дека е во ред планот со кој се предвидува урбана џунгла во Тетово од 230 000 метри квадратни од кои само станови се над 2 000 со 8 000 нови жители. Планот со кој се овозможува заработка од 200 милиони евра на инвеститорот се одобрува за само 7 дена, во услови кога граѓани по месец дена не може да извади обично уверение.

Дака во регионот станува повторно актуелен после изборите во Црна Гора на кои победи опозицијата Аналитичарите од регионот тврдат дека Давидовиќ Дака како екстремен про-руски бизнисмен ги финансирал политичките противници на Мило Ѓукановиќ кои победија на последните избори и кои најверојатно ќе ја формираат следната влада.

Здравко Кривокапиќ, најверојатно идниот премиер е формален лидер на широката ултрадесна, некој ја нарекува Вучиќ, други Амфилохие коалиција, која на изборите настапи под името “За иднина на Црна Гора“. Вистинскиот шеф на коалицијата е Миодраг Дака Давидовиќ, за кого и самиот Кривокапиќ вели дека е најзаслужен за влез во политиката, пишува Ал Џезира Балканс.

Ал Џезира Балканс во својата анализа вели дека рбетот и главата на црквената коалиција е Дака Давидовиќ. Тој е човек кој бил воен министер на Караџиќ во Српската автономна област Херцеговина во време на војната во Босна и Херцеговина и кој со најголемо гадење зборувал за Европската Унија и европската цивилизација, се вели во анализата.

И аналитичарот Шеки Радончиќ тврди дека Русија, Белград и Српската православна црква помогнале да победат великосрпските интереси во Црна Гора.

Главен финансиер, според Радончиќ, на оваа коалиција е Дака Давидовиќ, бивш началник на Центарот за безбедност во Никшиќ кој во Македонија е поврзуван со огромна корупција.

Српскиот портал republika.rs тврди дека западните странски служби овој контроверзен бизнисмен го квалификуваат како соработник на руските служби.