Македонија 05. мај 2020. / 18:20

Ѓорѓиевски за оставката на Дончев: Функционерите на Заев го напуштаат бродот кој тонe

Ѓорѓиевски за оставката на Дончев: Функционерите на Заев го напуштаат бродот кој тонe

Оставката на Ден е доказ дека покрај финанскискиот т.е. економскиот, и здравствениот систем се распаѓа, а екипажот ( функционерите на Заев ) го напуштаат бродот кој тоне, напиша на Фејсбук членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Орце Ѓорѓиевски.

Покрај Кочо и Тевдовски, кои важеа за “поинтелигентни” во владата, сега и Ден го напушта бродот. Бродот тоне, и додека едни ги горат за да потонат, други го препознаваат моментот и бегаат. Само што почнало, напиша Ѓорѓиевски.