Македонија 18. април 2019. / 19:38

Ѓорѓиевски од Драчево: Во Драчево не е во прашање победата, туку разликата

Ѓорѓиевски од Драчево: Во Драчево не е во прашање победата, туку разликата

Во овие дваесетина дена бев насекаде низ државата, посетив многу села и градови, запознав прекрасни луѓе, и во сите од нив ја видов Македонија која чека право и правдина, чека подобро утро, истакна членот на Извршниот Комитет на ВМРО ДПМНЕ Орце Ѓорѓиевски.

Но секогаш кога сум помеѓу моите комшии и пријатели во Драчево, местото каде се родив и израснав се чувствувам најсилен, овде добивам мотив и елан за битката за Македонија. Луѓето во Драчево искрено стојат зад ВМРО-ДПМНЕ и Гордана Силјановска Давкова. Денеска сретнав многу луѓе, тие се моите соборци и искрени пријатели.

Заедно можеме да ја направиме Македонија место во кое ќе се живее достојно. Можеме и мораме! За нас, за нашите деца!
#КаменотНајмногуТежиНаСвоетоМесто