Членовите на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски и Игор Божиновски, со пратеничката Слаѓана Митовска беа во посета во околината на Куманово, во населените места Младо Нагоричани и Стрезорце.
Тие во разговор со граѓаните им порачаа дека животот од ден на ден им е се потешко. Имено тие истакнаа дека власта не презема ништо во однос на невработеноста и лошата економска положба во државата.
Ѓорѓиевски истакна дека од посетите што ги остварил во кумановски, заклучокот е еден, дека граѓаните сакаат што побргу да заврши злото наречено СДСМ, кое ја понижува државата и ја осиромаши државата.
Во текот на посетата беше потенцирано дека треба да се застане на патот на пропаѓањето на државата која оваа влада на СДСМ го прави при што додадоа дека граѓаните ќе ја имаат таа можност на претстојните претседателски избори кои ќе допринесат во менување на оваа власт.