Македонија 30. ноември 2020. / 18:50

Ѓорѓиев: Ставовите на премиерот Зоран Заев нема да ни ги врзат рацете

Ѓорѓиев: Ставовите на премиерот Зоран Заев нема да ни ги врзат рацете

Предводникот на македонските историчари во мешовитата комисија со Бугарија за Алфа вели дека позициите на Заев нема да им наштетат. Историските факти се над индивидуалните ставови на политичарите, вели тој.

Ставовите на премиерот Зоран Заев нема да ни ги врзат рацете и нема да не стават во подредена положба. Ние ќе се водиме според историските факти. Многу пати до сега имало изјави на политичари од Македонија и Бугарија за историски теми. Разговорите на 3 и 4 декември ќе бидат он лајн за темите за кои разговаравме на последната средба. Меѓу нив и за Гоце Делчев, смета Ѓорѓиев.