Менувачницата започна да работи уште кога немаше закон за штедилници, банки. Точно не можам да кажам, но јас знам дека денес Пеон е лихварска организација која прави лихва на сопствениот народ. Тој човек се знае. Значи не може да помине нешто во Пеон, а Заев да не знае. Значи еве на улица го сретнав, и тој ми рече да сѐ е ОК, но ние не сме банка, ние можеме колку сакаме камата да пишеме, рече Митко Ѓорѓев во вчерашното сведоштво во неговото гостување во емисијата Блиц на ТВ Алфа.
Неговите проблеми започнале откако земал пари од тогашна штедилница Пеон, сопственост на Вице Заев, брат на премиерот Зоран Заев.
Тој земал сума од дванаесет илјади евра се со цел опстанок на неговиот бизнис со туризам. Она што во цело ова сведочење на Ѓорѓиев е симптоматично е што Вице Заев прво му дал пари на рака, а дури после една недела склучил договор со штедилницата Пеон која е во сопственост на фамилијата Заеви. Неговиот проблем продолжува откако Вице Заев му испратил извршители за да го наплати долгот.
Кога Ѓорѓиев му се јавил за да го праша зошто има потреба од ова, Вице Заев му објаснил дека има слушнато дека Митко Ѓорѓиев зборува лошо за неговиот брат Зоран Заев тогашен градоначалник на Струмица. Но, голготата не завршува тука, откако после 4 години поради тешка болест на член во неговото семејство Ѓорѓиев побарал од Вице да му го ослободи станот од хипотека се со цел да ги плати болничките трошоци, Вице Заев на веќе вратен кредит му пресметал да плати уште 20 илјади евра.
За случајот Вице Заев вели:
-Ниту Вице Заев бил, е или ќе биде лихвар, ниту пак Пеон била, е или ќе биде лихварска организација. Јавноста во Струмица го знае Вице Заев и семејството на Вице Заев, но истовремено го знае и Митко Ѓорѓиев и неговото семејство.
Ѓорѓиев тврди дека Струмица е по целосна контрола на семејниот клан на Заев и сите оние блиски до нив. На прашањето дали знае што точно поседува фамилијата Заеви, Ѓорѓиев рече подобро ќе биде да ме прашате што нема.