Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ, при гостување во емисијата „Заспиј ако можеш“ на телевизија „Алфа“ порача дека човек не може да биде индифирентен на темата за демографијата.
Ние сега остануваме без народ од секаде, си одат од села, си одат од градови, си одат сите без разлика на етникуми. Мила Царовска воопшто не беше заинтересирана, а Зоран Заев се држешеза срце и ветуваше нешто. Со месеци со години се зималував барајќи одговор како не им е гајле за народот, мене ме боли и загрижува. За мали земји тоа е прашање да се биде или не. Друго е кога тоа се случува во други земји, големи држави, а друго е кај нас. Кога ќе отодам по земјава кога ќе речат толку и толку заминаа. Македонија никогаш не била попуста како сега во овој период на Заев. Ваква ситуација во која ќе има евакуација од Македонија, а да нема ни една инвестиции. Тоа ме мотивира да бидам активен. Не можеме да дозволиме нови 4 години од Заев тогаш ќе имаме диктатура, сега сме полузаевистан, тогаш целосно – кажа Ѓорчев.
Тој се осврна и на лагите на Заев од пред избори.
Не само што велеа дека ќе го спречат иселувањето туку велеше, ќе ги врати децата, велеше ќе ви ги вратиме чедата. Допираше каде боли, и не само што никого не врати, туку и тие малку што ги имаме ќе заминат – истакна Ѓорчев.