Македонија 01. јануари 2019. / 15:22

Ѓорчев: Заев ја загуби поддршката од неопределните, револтот секојдневно расте

Ѓорчев: Заев ја загуби поддршката од неопределните, револтот секојдневно расте

Семејството пред се. Тоа е животното мото на Владимир Ѓорчев, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник, еден од најактивните политичари, кој стигнува секаде и секогаш, но на крајот на денот е со своите најблиски. Обврски плус деца еднакво на тренинг за триатлон, вели Ѓорчев во интервјуто за 24 инфо.

-ВМРО-ДПМНЕ следниве недели ќе ја почне процедурата за избор на претседателски кандидат. Јавноста, членството и симпатизерите ќе имаат можност да ги слушнат неговите или нејзините ставови. Убеден сум дека ќе го имаме најдобриот кандидат. Секако, ќе соработуваме со повеќе опозициони партии и на тој начин ќе го максимизираме опозиционото расположение кое провладува кај народот – вели Ѓорчев.

Ѓорчев посочи дека во државата има има големо незадоволство од Владата на Заев, а тоа незадоволство преминува во револт кој секојдневно расте.

-Претседателските избори ќе бидат можност граѓаните да испратат јасна порака до власта. Очекуваме победа, а ВМРО-ДПМНЕ ќе биде јасен предводник на опозиционото расположене кое станува доминантно. Власта на СДСМ е едно големо разочарување, не ги исполнија ветувањата и казната од народот ќе дојде на првите наредни избори, а тоа се претседателските избори – вели пратеникот.

Тој вели дека е можно Македонија на следните избори да добие  жена претседател

-Секако дека е можно. Нашето демократско општество дава шанса на секој. Жените се силен мотор во нашето општество и добро е што расте бројот на жени во јавниот живот и во политиката. Женските иницијативи заслужуваат поддршка во јавноста. Секој има право да се кандидира, а граѓаните го имаат последниот збор. Изборот е демократска придобивка вели Ѓорчев.

Пратеникот Влатко Ѓорчев смета дека не може со сигурност да се оцени дали Заев со сигурност ќе освои 80 гласови за да се усвојат уставните измени.

-Факт е дека целиот процес на уставни измени беше прилично насилен, со бројни уцени. Факт е дека огромното мнозинство на граѓани се силно приврзани за уставното име Република Македонија.

Целото интервју за 24 инфо може да го прочитате ТУКА.