Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Ѓорчев во емисијата „Топ Тема“ зборуваше за загадувањето во државата односно за загадениот воздух кој граѓаните секојдневно го дишат.
Уште еднаш Скопје и другите градови се најзагадените градови изминативе три дена во светот. Сите овие мерки во кои се вели дека блескаме, во Македонија се чувствува една огромна еколошка катастрофа и за тоа не се преземени никакви мерки од страна на власта. Ние немаме еден километар гасовод од оваа власт или куќа или домаќинства кои се гасифицирани. Значи нас ни треба гасификација и влада која што ќе биде способна и посветена, а не влада која што во мандат ќе потпише договор за 2 километри автопат за кој што не е ни почнат да се гради, истакна Ѓорчев.
Имено пратеникот Ѓорчев во своето гостување го истакна следново: -Во моментот нашите деца не можат да излезат на улица затоа што е премногу загадено, сите се болни поради ова загадување кое што е најголемо во историјата на Република Македонија.
Тој потенцираше дека Скопје и градовите низ Македонија се рамо до рамо со градови кои што имаат 20 милиони жители, Скопје е позагадено од Калкута во Индија, од Лахоре во Пакистан, од Дака во Бангладеш.
Она што ни треба долгорочно да го решиме овој проблем е да си замине оваа неспособна влада, оваа катастрофална гарнитура и да дојде гарнитура онака како што треба со камен-темелник, со проекти, со рокови ќе направи гасификација низ државата. Сето друго се празни пароли од кои што народот го губи своето здравје, додаде Ѓорчев.