Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев во Берлин оствари средба во седиштето на ЦДУ со шефот на бирото за надворешни работи на владејачката ЦДУ Бертил Венгер.
Според соопштението на ВМРО- ДПМНЕ ,на средбата Ѓорчев го информираше Венгер за политичкиот прогон во Македонија, затворените пратеници, најниската стапка на еконмски раст во Европа, нарушената слобода на медиумите и за партизацијата на институциите од страна на СДСМ.
Беше нагласено дека германската ЦДУ во наредниот период внимателно и детално ќе ги следи актуелните состојби во Македонија, особено за спомнатите теми.
Двајцата соговорници изразија обострано задоволство за долгогодишната соработка на ВМРО-ДПМНЕ и германската ЦДУ како сестрински партии, кои заеднички членуваат во Европската народна партија (ЕПП).
Ѓорчев и Венгер се согласија дека во наредниот период треба да се интензивира и продлабочи соработката помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и ЦДУ, како дел од одличните односи помеѓу Македонија и Германија.