Ние ја имаме најлошата држава во Европа, а имате еден премиер каде главен бизнис му е садење марихуана. Тоа е ситуацијата во која се наоѓаме.. Тие пет минути слава завршуваат, а Македонија ги жнее проблемите, изјави Влатко Ѓорчев во емисијата Филибастер на Радио Лидер.
Состојбата е катастрофална и плаќаме со човечки животи. Утре 20 или 30 семејства ќе дат на погреб. Нема дилема дека ќе немаше жртвии, но ние убедливо сме најлоши . Во земјите од регионот има 70% помала смртност за разлика од Македонија. Ако имавме подобра влада, како Албанија и Косово на пример, ние немаше да имаме над 2000 погреби. Заради фијаското на Венко Филипче и Зоран Заев . Да се случеше ова во време на ВМРО ДПМНЕ, ќе гореше Македонија. Ќе бевме обесени на Плоштад,. Ни во војна сме немале толку. Вакво фијаско немало во историјата на Македонија, изјави Ѓорчев .
Станавме едно неорганизирано општество и чекаме милост, не така оддамна ние отваравме спорти сали, фабрики, аеродром, сега имаме само полиња со марихуана на фамилија Заеви. Владата на ВМРО ДПМНЕ набави околу 150 болнички возила, а Зоран Заев набави само едно поволно. И сега ние молиме и просиме за помош. Но имаме или немаме ние држава , кажа Ѓорчев.
На што се троши Буџетот од 4 милијарди евра, а ние кога имаме 3 милијарди они се палеа во Собрание. Зајакот лежи во корупцијата, арамилакот и недомаќинското работење. Имаат потрошени 15 милијарди евра и ништо немаат направено. Ова граѓаните на Македонија треба силно да го запамтат за идните гласања, потенцира тој.