Пратеникот и меѓународен секретар на ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓорчев се сретна со Норберт Ламерт, претседател на фондацијата Конрад Аденауер (КАС) блиска до владејачката ЦДУ.
–Се заблагодарив за одличната соработка на ЦДУ и КАС со ВМРО-ДПМНЕ изминативе 20 години. Работиме на заеднички проекти и во наредниот период ќе ја интензивираме соработката – истакна Ѓорчев.
Ѓорчев додаде дека ЕУ е нашата заедничка агенда и заедно сме дел од семејство на сестринските ЕПП партии. Македонија и Германија имаат одлични билатерални односи. Ќе продолжиме да ги развиваме и продлабочуваме.
Ламерт беше претседател на германскиот Бундестаг 12 години, парламентарец од 1980 до 2017 година, вкупно 37 години, како и министер во повеќе влади на канцеларот Хелмут Кол.
Воедно, Ѓорчев упати благодарност до фондацијата Конрад Аденауер за поканата и можноста да учествува на Форумот за слобода на вероисповеста и верувањето во Сингапур.
Ѓорчев се сретна и со пратениците од ЦДУ Фолкер Каудер, Хериберт Хирте и Маркус Грубел од германскиот Бундестаг.
Тој ја нагласи извонредната соработка на ВМРО-ДПМНЕ со ЦДУ и Фондацијата Конрад Аденауер (КАС). Ги информираше соговорниците за актуелните состојби во Македонија и за зголемената поддршка за ВМРО-ДПМНЕ во пресрет на изборите на 12-ти април. Воедно, Ѓорчев ги покани германските пратеници да ја посетат Македонија.
–Високо ја цениме одличната работа на канцеларијата на КАС во Скопје и нивната работа во Македонија предводена од Јоханес Реј и неговиот тим. Ќе продолжиме со заедничките проекти – нагласи Ѓорчев.
Инаку, Фолкер Каудер беше шеф на пратеничката група на CDU/CSU-Bundestagsfraktion 2005 – 2018, како и поранешен генерален секретар на ЦДУ, а пратеник е во германскиот Бундестаг од 1990 година до денес, веќе 29 години. На крајот, Ѓорчев подвлече дека Македонија и Германија имаат одлични билатерални односи, исто како ВМРО-ДПМНЕ и ЦДУ.