Македонија 08. март 2021. / 09:19

Ѓорчев: Омразата на Заев кон ВМРО-ДПМНЕ можеби е поголема од неговата љубов кон Македонија

Ѓорчев: Омразата на Заев кон ВМРО-ДПМНЕ можеби е поголема од неговата љубов кон Македонија

Членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Ѓорчев смета дека поделеноста помеѓу политичките противници во земјава треба да се надмине.

„Ние сме политички соперници, политички непријатели, ние сме си политички душмани. Проблемот е што главниот генератор на тие поделби во Македонија е Зоран Заев. Какво е тоа помирување каде што тој ќе биде и неговото семејство во „Мајбах“ и два „Бентли“ автомобили а десетици луѓе ќе бидат во затвори 15 или 18 години. Кое е тука помирувањето?“, праша Ѓорчев.

Тој смета дека проблемот е што Зоран Заев и луѓето околу него се обземени од тоа што повеќе луѓе да стават во затвор по секоја цена.

„Омразата негова кон ВМРО-ДПМНЕ, којашто јас не можам да ја разберам можеби е поголема од неговата љубов кон Македонија. Тоа е поразително. Погледнете ја било која земја се водат политиките како што ги води Зоран Заев, тоа се се’ неуспешни држави. Ако имаме „опсесија“ што повеќе  луѓе од својот политички противник да ставите во затвор, тогаш не е тоа добро за едно општество. Тоа го има во Киргистан, во Ерменија кадешто луѓе од политика одат во затвор, а тие од затвор стануваат претседатели, тоа го има во Украина, во длабоко нестабилни општества“, рече Ѓорчев.