Македонија 11. јули 2019. / 13:29

Ѓорчев: Ни се случува демографска катастрофа – Македонија умира

Ѓорчев: Ни се случува демографска катастрофа – Македонија умира

Македонија на Светскиот ден на населението тоне во демографска катастрофа, обвини пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Владимир Ѓорчев.

Ѓорчев потсети дека, според статистиката, во април оваа година има пад од 14,4 отсто новородени деца, споредбено со претходната година. Освен тоа стапката на смрт порасна за 3 отсто од 2018 година. Според Ѓорчев оваа катастрофа е резултат на премиерот Зоран Заев и неговата Влда.

– Според податоци кои излегоа од Државниот завод за статистика. Во април 2019 година има пад од 14,4 отсто новородени деца во однос на април 2018 година. Дополнително, има 3 отсто повеќе умрени од минатиот април. Тоа е резулатот на премиерот Заев и неговите 28 министри, ќе имаат историска одговорност за оваа катастрофа. Македонија умира, Македонија исчезнува. – рече Ѓорчев.