Македонија 13. декември 2018. / 10:56

Ѓорчев: Над Македонија ќе се роди ново Сонце на слободата

Ѓорчев: Над Македонија ќе се роди ново Сонце на слободата

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ вчера одржа протест во центарот на Скопје, а од партијата најавија дека ќе протестираат секоја среда. Опозиционерите ветуваат подобри времиња за Македонија. На својот Твитер профил се огласи пратеникот Влатко Ѓорчев.

Заедно со народот, членството и со претседателот Мицкоски. Ќе помине и овој темен облак над Македонија. Над Македонија ќе се роди ново Сонце на слободата, напиша пратеникот Влатко Ѓорчев на својот Твитер налог.