Македонија 17. декември 2018. / 09:42

Ѓорчев на Конгресот на ЛДП: Времето ќе покаже дали и кога повторно ќе соработуваме

Ѓорчев на Конгресот на ЛДП: Времето ќе покаже дали и кога повторно ќе соработуваме

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Владимир Ѓорчев, со делегација од партијата, присуствуваше на Конгерсот за избор на претседател на Либерално Демократската Партија.

Ѓорчев му го честита реизборот за претседател на Горан Милевски и порача дека и двете партии се против зголемување на даноците.

– Желби за успешна работа на Конгресот на Либерално Демократска Партија ЛДП. Времето ќе покаже дали и кога повторно ќе соработуваме.

Честитки до Goran Milevski за изборот за претседател. ВМРО-ДПМНЕ и ЛДП заеднички сметаат дека НЕ треба да растат ДАНОЦИТЕ.

Благодарност за гостопримството кон делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ. Убав настан со околу 500 присутни. – напиша Ѓорчев.