Македонија 11. ноември 2018. / 19:26

Ѓорчев: Кога ќе го смените името на партијата во Социјалдемократски сојуз на Северна Македонија?

Ѓорчев: Кога ќе го смените името на партијата во Социјалдемократски сојуз на Северна Македонија?

На денешната комисиска расправа за уставните амандмани, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Ѓорчев ги праша пратениците од СДСМ кога ќе го сменат името на партијата во Социјалдемократски сојуз на Северна Македонија.

„Да ве прашам кога ќе станете Социјалдемократски сојуз на Северна Македонија? Дали тоа едногласно ќе го изгласате, со аплаузи? Ако е толку добро името, почнете да го користите во секое обраќање, кажете го.  Ќе го менувате Уставот око не ви трепнува. Кога ќе почнете да ги менувате таблите во училиштата, со штрафцигери или чекани ќе ги менувате? Униформите на армијата со ножици ли ќе ги сечете? Како ќе гласи името на вашиот град. Ќе смееме ли да бидеме Македонски Брод или Македонска Каменица“ – рече Ѓорчев.

Тој ги критикуваше економските политики на Владата на денешната собраниска седница за ребаланс на буџетот. Опозициските пратеници го критикуваат ребалансот, кратењето од повеќе ставки, и прашуваат каде се сега шарените револуционира да го кренат својот глас против, како што велат, погрешните политики.