Македонија 22. април 2019. / 21:20

Ѓорчев и францускиот амбасадор Тимоние заедно ги набљудуваа изборите во Грушино – Општина Арачиново

Ѓорчев и францускиот амбасадор Тимоние заедно ги набљудуваа изборите во Грушино – Општина Арачиново

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев на Фејсбук сподели слика со францускиот амбасадор во Република Македонија како заедно ги набљудуваат изборите во Грушино- Опшрина Арачиново.

Пријатен разговор и добра средба со францускиот амбададор Кристијан Тимоние.

Вчера се сретнавме за време на набљудувањето на изборите во Грушино, општина Арачиново.

Заеднички се залагаме за фер и демократски избори. Благодарност до тимовите на ОБСЕ / ОДИХР и француската амбасада кои вчера дојдоа во Грушино.

Гласањето помина во најдобар ред. Поздрав до избирачкиот одбор и другите набљудувачи.

Голем поздрав до сите жители на Грушино!, напиша денес Ѓорчев

Вчера Ѓорчев напиша Фејсбук статус каде ги пофали набљудувачите на албанските партии за нивниот фер и коректен однонс.

Општина Арачиново, село Грушино, избирачко место 2340.

Тука бев цел ден заедно со Џеладин, Милазим, Милаим, Тони, Азим и останатите присутни.

Набљудувачите од Алијанса на Албанците, БЕСА, ДУИ, ДПА и другите беа максимално коректни и брзо помина денот во добра атмосфера.

Во Грушино имаше демократски процес и фер избори на ова избирачко место.

Излезноста беше 18 %.

Од 974 запишани во списокот, на гласање вкупно излегоа 183 гласачи.

Поздрав до сите!, напиша Ѓорчев вчера