Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ на денешните пратенички прашања во македонското Собрание, удри по политиките на Владата.
Ѓорчев го запраша Заев за кадровската политика која ја води власта, потенцирајќи дека предност за вработување имаат децата на функционерите.
Пратеникот кажа дека повеќе никој во државата не верува во фразата “Нема правда, нема мир”, бидејќи правда во Македонија нема.
Ѓорчев го праша Заев што направи за Албанците, кои го поддржаа бидејќи им ветувал вработувања и безбедност, а реално не добиле ништо.