Сега јасно ви е зошто НЕМА заплени на дрога во Македонија? Дрогата е на улица е достапна СЕКАДЕ, како НИКОГАШ досега, напиша на Фејсбук пратеникот Влатко Ѓорчев.
-Дилерите се главни гавази, а за избори се главна логистика на власта на СДСМ. Никој НЕ ги апси, а младите се најголемите жртви.
Владата прима белосветски МАФИЈАШИ како Биг Мајк и се претставуваат за некакви “инвеститори”, а намерата е да се продава дрога од секаков вид.
Секој криминалец има селфи со премиерот и со неговите министри. Скопје личи како Белград или Софија пред 20 години, во 90-тите, каде мафијата, клановите и корумпираните политичари го имаат главниот збор.
Се работи за тешки МИЛИОНИ кои од Македонија полека создаваат Колумбија / Венецуела на Балканот.
Вчера имаше апсење САМО поради тоа што наредбата и истрагата дојде од Шпанија и ЕУ земји. Без тоа, ќе беше оставено да поминува дрогата со амин на власта во Македонија.
Жртви на ова се МЛАДИТЕ. Цената е ИЛЈАДНИЦИ уништени човечки животи.
Срамота. ОСТАВКА, напиша Ѓорчев.