Премиерот Заев е прилично несреќен поради тоа што јас ги откривам овие скандали. Во скандалот Рекет, едно што сигурно знаеме е дека една група на луѓе се дефинитивно извршители на кривични дела, но постои еден обид за да се намали нивната политичка одговорност. Постои основано сомневање според мене дека тие луѓе злосторнички се здружиле, изјави новинарот Бранко Героски во емисијата „Што не е јасно“ на Алфа телевизија.
Героски рече дека премиерот Заев не е спомнат како извршител на кривично дело, но дека тој и дел од врвот на СДСМ во овој момент сносат сериозна политичка одговорност, затоа што им овозможиле на осомничените да ги сторат кривичните дела преку склучување на договори, ги примале, го подигале нивниот рејтинг и ги поддржувале во нивната лажна грижа за социјални трансфери.
Мислам дека освен кај политичарката Фросина Ременски, нема кај другите основа за постоење на кривични дела, од она што јас го знам, можеби повеќе знаат Русковска и извршителите. Со премиерот Заев се разликуваме, јас не ја прифаќам неговата теза дека политичката одговорност треба да уследи откако ќе биде дефинирана кривичната одговорност, туку обратно, однапред политичката одговорност веќе е јасна.Немам разговарано со Заев. Тој ми се јави да ми каже за неговите сознанија кога истражував, телефонски ми се јави, но се немаме видено, пред онаа негова изјава „Немам што да разговарам со Героски, нека пријави“ и немам потреба да му се јавувам. Не сум човек кој се јавува на политичарите.Не ми е место да седам на маса со полуновинари кои одат на брифинзи. А, нема да му се јавам на човек кој ќе ми рече не сакам со тебе да разговарам, приказната е завршена. Ако не сакаш не сакам ни јас со тебе да разговарам. Сега сме на тоа ниво на комуникација, изјави Героски.