Македонија 17. август 2019. / 16:56

Героски открива како стојат тајните анкети за рејтинг на партиите

Героски открива како стојат тајните анкети за рејтинг на партиите

Во својата најнова колумна уредникот на плусинфо.мк Бранко Героски одговара на спиновите на владиниот пропагандист Саше Политико кој објави дека Героски и Владимир Милчин ќе формираат партија што на СДСМ ќе му откине до 100 илјади гласови, пишува Експрес.

Во одговорот на лажната вест Героски открива како и преку кого функционира пропагандниот систем на СДСМ но и како се движат анкетите за рејтингот на политичките партии.

Героски ги потврдува неофицијалните резултати на засега тајни анкети според кои Мицкоски во моментов без кампања и програма може да смета на околу 400 илјади гласови или околу 100 илјади повеќе од тие на Заев.

Сум слушнал дека кога му даваат вакви сложени задачи на уредникот на Мактел, за да не се утне работата, текстовите ги пишува еден од неговите двајца најблиски брифери – првиот е поврзан со пропаганднот штаб на Заев, а другиот директно со заменичката претседател на СДСМ, Радмила Шеќеринска. Се разбира, двајцава брифери не комуницираат со своите извори на дневна основа (да не ги обвинуваме сега Зоки и Рада за сенешто), туку како шамани ги „читаат“ сигналите од врвот и ги преточуваат во нарачки. Арно ама, кога нарачките се важни и комплицирани (како оваа), тие обично не ги препуштаат на креацијата на недоветнот, туку самите ги пишуваат, а Капачето ги потпишува. Така сум чул. Јас, како експерт, поранешен предавач по предметот Пишување и автор на три книги од областа, лесно можам да препознаам кога пишуваат бриферите, а кога му дозволуваат на Капачето да се искаже со свои зборови, пишува Героски во колумната.

Целата информација на овој линк на плусинфо.мк