Новинарот Бранко Героски во својата колумна за ПлусИнфо, пишува дека жали што министерката за одбрана Радмила Шекеринска не го обвинила за бегството на поранешниот премиер Никола Груевски.
– Жал ми е што не сме се разбрале со министерката Радмила Шеќеринска.
И лут сум што таа ме амнестира од евентуалната вина за бегството на Никола Груевски, на тој начин што “позитивно” ме дискриминира, па вели дека обвинувањата на нејзина сметка се исто како кога таа на новинарите би им кажала: “Пријателот на пријателот на еден ваш колега денеска е избеган во Будимпешта, дали тоа значи дека вашиот колега е виновен за неговото бегство?”
Но, Шеќеринска евидентно не би го кажала тоа што го кажала, бидејќи, како што вели самата, “никој разумен тоа не би можел да го каже”. Оди разбери ја… – напиша Героски и додаде дека таа мисли на неговиот пријател, поренешниот министер Владимир Пешевски.
Тој вели дека нема ништо против Шекеринска да се прикаже како невина за „Рекет“, но не може да сфати како луѓето можат да се ракуваат со Боки 13 како да е Мајка Тереза.
– Што се однесува до мене, немам ништо против обидот на Шеќеринска да се прикаже невина по секоја цена. Јас ги гледам оние фотографии и видеа од крунисувањето на “кралот” и уште не можам да се изначудам како е можно луѓе за кои сум имал високо мислење да се наведнуваат во позата на бедни поданици на една таква опскурна фигура, да се лигават пред камерите и да се ракуваат со него како да се ракуваат со Мајка Тереза. Каков срам, каков блам! – напиша Героски.
Цела колумна може да ја прочитате ТУКА.