По објавената нова аудио бомба во која се слуша гласот екс премиерот Зоран Заев и во која се слуша Заев влегува во рекетарската шема и наместо Васко Димишков парите од рекетот завршуваат кај него, со реакција на Фејсбук се огласи новинарот, Бранко Героски.
Баш ме интересира како ќе се вади сега Заев. Според „А1он“, Заев во снимката не вели „важи“, туку „мрш“. Хммм… Јас снимката ја преслушав повеќе пати и јас слушам едно прилично разговетно „важи“. Освен тоа, „мрш“ баш и не оди со репликата „јас влегувам во таа работа“. Заев, сепак, мора да објасни во која работа тој влегува – коментира Героски.
Во еден период се појави овој Васко, на Димишкова брат. Совет ми даде, што да праваам бара пари, значи он ќе рече 6 милиони евра, 6 милиони евра, викам важи јас влегувам во оваа работа – вели Заев на снимката.