Македонија 11. ноември 2019. / 17:21

Германскиот министер за надворешни работи во среда доаѓа во Скопје

Германскиот министер за надворешни работи во среда доаѓа во Скопје

Министерот за надворешни работи на Сојузна Република Германија, Хајко Мас во среда ќе престојува во работна посета на Република Македонија. Toj ќе се сретне со министерот за надворешни работи, Никола Димитров.

Како што најави МНР, на средбата ќе бидат разменети мислења за најновиот развој на внатрешно-политичките состојби во земјата, исходот од последниот Европски Совет и можните следни чекори, за преостанатите активности во делот на реформите, вклучително и развојот на добрососедските односи.

Ќе бидат разгледани и клучните моменти од односите меѓу двете пријателски земји и можностите за нивно продлабочување, како и актуелната динамика на односи на регионален план.

Покрај со Димитров, се очекува шефот на германската дипломатија да се сретне и со претседателот Стево Пендаровски и со премиерот Зоран Заев.