Македонија 30. септември 2018. / 22:33

Германска “Тагешау”: Референдумот во Македонија не успеа

Германска “Тагешау”: Референдумот во Македонија не успеа

Релевантната германска телевизија “Тагешау” го прогласи референдумот во Македонија за неуспешен.

Намерата беше да се постави курсот за Европа, но премалку гласачи ги дадоа своите гласови. Референдумот во Македонија за новото име на државата не успеа. Сега на ред е Собранието, стои во текстот.

-Дали сте за членство во НАТО и ЕУ со прифаќање на Договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција? Гласачите беа запрашани на гласачките ливчиња. Но, малкумина гласаа. Само околу 34% од 1,8 милиони гласачи учестуваа на гласањето, објави Државната изборна комисија. За референдумот да биде валиден, би требало да гласаат повеќе од половина од гласачите, пишува “Тагешау”.