Германија го одложи пописот за 15 мај 2022 година поради пандемијата на коронавирусот.
Законот за одложување на пописот стапи на сила на 10 декември 2020 година. Одложувањето беше извршено заради ограничувањата поради пандемијата на коронавирусот, што исто така влијаеше врз подготовката на пописот во јавната администрација. Првично, пописот беше закажан за 2021 година.
Пописот одредува колку луѓе живеат во Германија и како живеат и работат, а ќе биде заснован на регистри, дополнет со примерок од истражување и комбиниран со попис на згради и станови.
За разлика од Германските власти, Зоран Заев инсистира дека пописот во Македонија ќе се спроведе во април 2021, дури и доколку опозицијата не го поддржи законот за попис.
Според премиерот Заев, пописот треба да се спроведе токму поради рамномерниот развој, економските параметри и статистиките кои што и се потребни на државата.