Заменикот министер за надворешни на Бугарија Георг Георгиев вели дека неговата земја не е единствениот стопер на Македонија во влезот кон ЕУ и дека има и други земји како Франција Холандија кои имаат сомнеж за почеток на преговори.
– Во моментов се создава слика дека Бугарија е единствената земја од ЕУ која ја стопира Македонија. Нека си припомнат пред неколку месеци дека имаше и други земји кои имаа сомнеж по ова прашање како Холандија и Франција.Така да, на ниеден начин ние не сме единствен стопер, рече Георгиев во своето интервју за бугарска телевизија.
⚠️Бугарскиот заменик министер за надворешни работи тврди дека Бугарија не е единствената која ја стопира Македонија за влез во ЕУ⚠️ pic.twitter.com/uhFY0sonbw
— MITE NAJDOFF (@Kalabalak_) November 25, 2020