Поранешниот потпретседател на СДСМ, Гордан Георгиев, во колумна за DW, не ја отфрла можноста бегството на Груевски да е дел од “пакетот” со кој ќе пројдат уставните измени.
-Да, сосема е можно неговото заминување да е дел од некаков поширок „пакет“, еден вид на таен анекс изваден од ракав во оние тешки моменти кога се отвораше Уставот и новата Македонија зачекори кон НАТО. Парите секако немаше да бидат вратени, ако вооопшто бегалецот ги има некаде. Можеби Браникот понудил и дал некаква кауција, далеку несразмерна во однос на претпоставките за одлеаните пари. Ексик и пари, ексик и Ексико!
Таквиот можен „пакет“ не е нужно лош. Би рекол дека можеби е најреалистичен во однос на констелацијата на силите и распоредот на играчите на политичката сцена. Да не заборавиме дека траумата со бомбите сѐ уште трае и е реална за некои луѓе. Тој рецидив од нашето блиско минато сѐ уште претставува „роба“ за тргување и сѐ уште има потенцијал да произведе рикошети на политичката сцена. Па и самите актуелни политички актери се на некој начин рецидиви од минатото, неодминлив дел од поделбите во македонското општество, пишува Георгиев во колумната за DW.
Целата колумна на Гордан Георгиев за DW може да ја прочитате ТУКА.