Македонија 31. август 2018. / 15:20

Генералниот секретар на НАТО следната недела доаѓа во Скопје

Генералниот секретар на НАТО следната недела доаѓа во Скопје

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг доаѓа во Скопје следната недела, објави Фактор .

Во таа седмица во Македонија гостин ќе биде и австрискиот премиер Себастијан Курц, чија посета веќе беше закажана за 7 септември односно следниот петок. Според Фактор, Столтенберг во Македонија ќе остане два дена. Ќе разговара со државниот врв, но и со лидерите на најголемите политички партии.

Столтенберг доаѓа во Скопје на само три недели пред одрежувањетона референдумот кој во земјава е закажан за 30 септември.

Трошоците за Македонија за обврските кон НАТО ќе изнесуваат од 400 до 600 илјади евра на годишно ниво.