Македонија 23. јули 2020. / 11:19

Генералниот секретар на ЕПП, Лопес Истурис со поддршка за новиот Статут на ВМРО-ДПМНЕ

Генералниот секретар на ЕПП, Лопес Истурис со поддршка за новиот Статут на ВМРО-ДПМНЕ

Генралниот секретар на ЕПП, Антонио Лопес-Истуриз Вајт, даде поддршка за новиот Статут на ВМРО-ДПМНЕ.

На својот твитер профил, Лопес-Истуриз го реобјави твитот на Тимчо Муцунски, во кој објаснува дека новите членови во Статутот претставуваат прогресивни чекори кон партиска демократија и имплементирање на најдобрите практики на сестринските партии на ВМРО-ДПМНЕ, членки на ЕПП.

Ако сакаме да бидеме дел од Еу, мора да ги имплементираме највисоките европски демократски стандарди – напиша Муцунски.