Македонија 26. март 2020. / 14:16

Ганка распали по Димитров: Ти Никола ги продаде идеалите на нашите родители, нека ти служи на чест

Ганка распали по Димитров: Ти Никола ги продаде идеалите на нашите родители, нека ти служи на чест

Некогашната министерка за култура Ганка Цветанова реплицира на објавата на социјалните мрежи од министерот за надворешни работи Никола Димитров за заокружувањето на членството во НАТО и за зеленото светло за преговори со Европската унија.

Просто е неверојатно како и двете цели што ги зацртаа нашите мајки и татковци ги остваривме во една недела – НАТО-членство и пристапни преговори со ЕУ. И тоа во денови на време-невреме, на огромна глобална криза и пандемија, објави Димитров на Твитер.

Го замолувам @NDimitrovMK да зборува само во името на неговите родители. Да не ги става нашите родители во ист кош со неговите. Не се исти. И да, немаа исти цели и идеали. Ти Никола ги продаде идеалите на нашите родители. Нека ти служи на чест тебе и на твоите родители, му одговори Цветанова.