Македонија 30. ноември 2020. / 15:35

Функционерка на СДСМ од Кичево се откажа од партијата: Ни ја потценувате интелигенцијата!

Функционерка на СДСМ од Кичево се откажа од партијата: Ни ја потценувате интелигенцијата!

Денеска фунцкионерката на СДСМ од Кичево даде отказ од партијата. Таа преку својот Фејсбук профил соопшти дека нејзините родители ја научиле на чесност и моралност, па затоа се одлучила на оваа одлука.

Елена Митрејческа е видно разочарана од локалните активист на СДСМ и вели дека ја злоупотребувале сопствената партија.

– Години наназад во Општинската во Кичево пет до десет личности – Хиени ја парчосувале за свои лични интереси, а ние да речам обичните „коњи тркачи“ сме им служеле за да удобно се сместат во директорски функции, впрочем и само за тоа ги бива, инаку ако не е партијата не знаат ни што со себе, вели веќе поранешната активистка на СДСМ.

Таа вели дека знае да се спротивстави и дека не е обичен послушник на наредби.

– Покрај чесноста и моралноста го имам и мојот борбен дух и да кажам не или да се кажам дека не се согласувам, вели Митрејческа.

За крај таа апелира до Централата на СДСМ за се погрижат за Кичево, град кој другите, како што вели таа, го знаат како „пазар“ . Па на тоа се надоврзува со цитат:

– Во Кичево има интелигентни личности, немојте да ни ја потценувате инетлигенцијата. Чесноста мора да ја надвладее, завршува Митрејческа.