Македонија 14. ноември 2018. / 23:02

Фрчкоски удри по МВР: Мораше да се обезбедат оперативни мерки за обезбедување на Груевски

Фрчкоски удри по МВР: Мораше да се обезбедат оперативни мерки за обезбедување на Груевски

Без разлика на процедурите (не)преземени од Судот и обвинителствата, МВР морало да преземе оперативни мерки за обезбедување на Никола Груевски за кого многумина очекувале дека може да избега.

Ова за 1ТВ го порача професорот Љубомир Фрчкоски кој смета дека со своето однесување МВР ја прикажува Македонија како урнисана држава која што поради пропустот на одговорните во полицијата така ќе биде третирана и од надворешниот фактор.

Фрчкоски во емисијата како еден од најасните моменти во случајот Груевски го споменува и неапсењето на Сашо Мијалков братучед на Груевски во истиот круг, со што индиректно алудира на состојби за кои шпекулираат и други јавни личности.

Фрчкоски беше министер за внатрешни работи и за надворешни работи во периодот од 1992 до 1997 година.