Македонија 18. декември 2019. / 19:30

Францускиот амбасадор Тимоние се сретна со лидерите на ДУИ и ДПА

Францускиот амбасадор Тимоние се сретна со лидерите на ДУИ и ДПА

Францускиот амбасадор во Македонија, Кристијан Тимоние денеска оствари средба со претседателите на ДУИ Али Ахмети и на ДПА, Мендух Тачи.

Како што наведе францускиот амбасадор на неговиот твитер профил, на средбите било разговарано за последните случувања во двете политички партии, со посебен осврт, како што наведува Тимоние, на предвремените парламентарни избори во земјава закажани за 2020-та година, како и за реформите во судскиот систем.