Денеска потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски како дел од теренската работа на оваа партија ги посети Тетово и Брвеница каде се сртна со неколку сопственици на локали и успешни извозни компании. Тој рече дека власта не дава поддршка за луѓето кои го создаваат националното богатство.
За ова Николоски се огласи и на својот Фејсбук профил.
– Денес остваривме посета на неколку успешни компании во Тетово и во Технолошко индустриската развојна зона.
Се сретнавме со стопанствениците, разговаравме за проблемите и предизвиците со кои се соочуваат и ситуацијата во стопанството. Само со силна поддршка на компании кои во услови на криза инвестираат ќе ја зајакнеме македонската економија.
Се сретнавме со исклучително амбициозни луѓе, луѓе коишто сакаат да работат тука во Македонија и да допринесат, но од друга страна за жал имаме неодговорна власт и Влада која не ги помага овие луѓе, напиша Николоски на Фејсбук.
Денес остваривме посета на неколку успешни компании во Тетово и во Технолошко индустриската развојна зона. Се…
Posted by Aleksandar Nikoloski on Wednesday, February 17, 2021
Во продолжение може да ја видите фотогалеријата од денешната теренска активност на Александар Николоски и ВМРО-ДПМНЕ.